Kelepur.mk за вашиот бизнис

Kelepur.mk за вашиот бизнис гарантира: брза и евтина промоција, верни купувачи, со видливи резултати!

1. Со нас рекламирај се евтино, брзо и ефикасно

Вашата понуда со сите информации за Вас, покрај тоа што ќе биде објавена на веб-страницата www.kelepur.mk, ќе биде испратена по е-пошта до сите регистрирани корисници на Kelepur.mk, а ќе ја рекламираме и на сите социјални мрежи, како и на веб-страниците каде се рекламира Kelepur.mk.
Рекламата не ве чини ништо повеќе од услугата, односно производот кој го нудите со Вашата понуда, додека парите од купените Kelepur.mk купони за Вашата понуда ги добивате веднаш по успешното завршување на понудата. Ваквиот тип на рекламирање не го носи со себе ризикот што го имаат вообичаените начини преку традиционалните медиуми, кои чинат многу пари, а не гарантираат голем број на купувачи. Рекламирањето на Kelepur.mk не е ризично, а гарантирано стасува до огромен број на потрошувачи за многу кратко време. За разлика од традиционалните средства за рекламирање, кои наплаќаат однапред за реклама, ние Ви наплаќаме само тогаш кога понудата е успешна – 100% ефикасно!

2. Мотивирани и верни корисници кои го пренесуваат добриот збор

Наша цел е да го промовираме Вашиот бизнис и лесно да ги донесеме купувачите до Вас. Освен тоа што Ви гарантираме голем број купувачи и голем број нови купувачи, нашата цел е да креираме за Вас и редовни и верни купувачи. Задоволните купувачи секогаш се и редовни купувачи, што го шират и добриот збор за Вас. Ваквиот пристап и вид на рекламирање гарантирано носи нови и верни купувачи.

3. Веднаш видливи и мерливи резултати

За разлика од традиционалните начини на рекламирање чии резултати се немерливи, со рекламирање на Kelepur.mk добивате конкретни, видливи и лесно мерливи резултати – колку и кои купувачи се заинтересирани за овој вид понуди и кои се и какви се конкретните ефекти и резултатите од Вашите понуди на Kelepur.mk.

Побрзајте, Придружите ни се!