Купувањето на kelepur.mk е со платежна картичка или со пополнување уплатница во банка или пошта на наша жиро сметка.
За да можете да купите, најпрво треба да се логирате на нашата веб страна со Вашето корисничко име и лозинка.
Доколку не сте регистриран корисник кликнете овде за да се регистрирате.
По успешното логирање одберете ја понудата која сакате да ја купите и кликнете на КУПИ. Ваша е одлуката како ќе платите: со платежна картичка или уплатница.
Откако ќе се отвори нова форма за внесување на податоците од картичката, внесете ги на следниов начин:
1. Бројот на картичката е 16-цифрен и се внесува без празни места. На картичката е поделен во 4 групи по 4 цифри. ВНЕСУВАТЕ БЕЗ ПРАЗНИ МЕСТА.
2. CVV/CVC кодот е троцифрен и се наоѓа на задната страна на картичката. ОВОЈ КОД ЗА РЕЧИСИ СИТЕ КАРТИЧКИ Е ЗАДОЛЖИТЛЕН. Постојат одредени издавачи на картички т.е. банки кои дозволуваат да се плати и без овој код. Доколку на Вашата картичка го нема овој код, а имате проблем со плаќањето Ве молиме обратете се во Вашата банка за да се информирате дали може да платите преку интернет со картичката без овој код.
3. Проверете дали е се во ред, и кликнете на Плати.
Причекајте и потоа кликнете потврди, причекајте да добиете информација дали плаќањето е успешно и системот автоматски ќе ве префрли во вашиот профил во делот Мои купони од каде ќе можете да ги испечатите или прочитате и запишете купоните за да ги искористите во ресторанот(пицеријата)итн.
Откако ќе ви се прикаже упатство како точно да ја пополните уплатницата, пополнете ја како што е прикажано.
Доколку купувате повеќе купони, уплатете ја целосната сума на една уплатница.
Можете да уплатувате во било која банка или пошта.
Веднаш штом Вашите уплатени пари се префрлат на нашата жиро сметка, ќе ви ги испратиме купоните на Вашата email адреса и исто така купоните ќе ги најдете во делот "Мои купони" на Вашиот профил на kelepur.mk од каде ќе можете да ги испечатите или прочитате и запишете купоните за да ги искористите во ресторанот/пицеријата/итн.
Доколку ви се брза, односно не сакате да почекате парите да се префрлат на нашата жиро сметка, фотографирајте или скенирајте ја заверената уплатница и испратете ја на нашата mail адреса info@kelepur.mk , и веднаш купоните ќе Ви бидат доделени.
Регистрирај се на Kelepur.mk и секој ден ќе ги добиваш најдобрите и најевтини понуди во твојот град. Доколку ти се допадне некоја понуда кликни на Купи за да ја купиш.
Преку е-пошта или социјалните мрежи сподели ги понудите со пријателите, Kelepur.mk е позабавен кога споделуваш со пријателите. Сподели и пренеси им на најблиските за да си создадеш можност да купуваш на попуст.
На твојата е-пошта ќе добиеш купон. Испечати го купонот или покажи го од својот мобилен телефон, за да ја добиеш понудата и уживај во понудениот попуст.
Секој ден Kelepur.mk нуди ексклузивни понуди по неверојатни цени со огромен попуст од 50% до 90%. Регистрирај се и секој ден на твојата е-пошта ќе ја добиваш најдобрата понуда!. Кликни на 'Купи' за да ја купиш понудата. Доколку се достигне минималниот број на купувачи, сите ќе ја добијат понудата и Вам ќе ви биде наплатено. А доколку не се достигне минималниот број на купувачи никој не ја добива понудата и нема да Ви биде наплатено. Само кога понудата ќе биде успешна ќе ви биде наплатено и ќе ви го испратиме купонот со кој можете да ја искористите понудата која сте ја купиле.
Уживајте во Вашиот попуст, Уживајте во најниските цени!