Претходна понуда

50% попуст на богато мени со свинско под сач во вредност од 700ден. во Ресторан ,,Виа Игнација“-Вевчани за само 349ден.

    • Вредност 700ден.
    • Попуст 50%
    • Заштеди 351ден.
  • Распродадено

Добивате

* Македонска салата

* Виткалник (пита со сирење)

* Вевчанско биено сирење

* Домашен ајвар

* Свинско под сач

* Пекарски компир

* Домашна лепиња

* Овошен колач

Услови

* Едно лице може да купи неограничен број купони

* Купонот важи за во ресторанот (не важи за носење)

* Работно време: Понеделник - Недела 10:00 - 00:00

* Задолжителна е претходна резервација на
тел:046/798-527
моб:071/305-416

Опис

Ексклузивно за само 349 денари во периодот од 19.10.2011 до 30.10.2011 почуствувајте го вкусот на домашната храна во преубавиот амбиент на ресторан ,,Виа Игнација“-Вевчани

„Виа Игнација“ веќе 25 години е еден од најубавите ресторани во Југозападните краишта на Македонија во кој спојот на традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот амбиент, создаваат атмосфера која пленува уште од првиот миг.

Далеку од градската врева на само неколку километри од охридското крајбрежје, во атарот на историското Вевчани, врвните професионални кувари за вас ја приготуваат највкусната храна, чиј почеток и крај се оригиналните рецепти и гурманската кујна. Како резултат на долгогодишното искуство и посветеноста на персоналот, „Виа Игнација“ стана синоним за голем број уникатни специјалитети, кои се совршен спој на традиционалната македонска и интернационална кујна.
Распослан на падините на планината Јабланица, ресторанот плени со сопствената архитектонска посебност, која е надополнета со природните убавини кои го опкружуваат. Вевчанските извори, големиот број историски локалитети, цркви и манастири, како и бујната шума се вистинска причина да посветите дел од вашето време за забава и дружење.
Ресторанот има капацитет од 150 гости, а располага и со ВИП просторија, тераса, рибник, детско катче, голема полјана, како и сопствен паркинг простор. Водејќи сметка за потребите на гостите, во склоп на ресторанот има и апартманско сместување од висока категорија.

Наспроти динамичното секојдневие, „Виа Игнација“ е одличен избор за одмор, прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или конгреси.
Професионалниот тим на ресторанот е во секое време на ваша услуга, да се погрижи во целост да се посветите на вашето неоповторливо уживање, кое ќе ве поттикне постојано да се навраќате во „Виа Игнација“ и во Вевчани.


50% попуст на богато мени со свинско под сач во вредност од 700ден. во Ресторан ,,Виа Игнација“-Вевчани за само 349ден.

Компанија : Виа Игнација

Адреса : Виа Игнација Вевчани

Град : Охрид

http://www.viaignatia.mk