Претходна понуда

60% попуст на пакет 9 третмани за лице во салон за убавина Silhouette во вредност од 6000ден. за само 2399ден.

    • Вредност 6000ден.
    • Попуст 60%
    • Заштеди 3601ден.
  • Распродадено

Добивате

* Пакет од 9 третмани за лице по избор. Изберете и комбинирајте по ваша желба 9 од најдобрите третмани за лице:

* Нехируршки лифтинг
* Mагична ракавица
* Ѕkin master
* Дијамантски пилинг
* Радиофрекфенција
* Federing
* Мезотерапија
* Ултразвук
* Третман со ЛЕД светлина

Услови

* Можете да купите неограничен број на купони

* Пред посета на салонот задолжително е да закажете на тел. 046/257-789

* Понудата трае до 29.01.2011. Купоните можат да се искористат до 29.02.2012

Опис

Нехируршки лифтинг
Нехируршки лифтинг е најнов третман за лице, чии резултати се регенерација и освежување на кожата, зголемување на способноста на мускулите за 100% и гарантирано подмладување.
Овој третман е во облик на лифтинг-маска, која делува на сите типови кожа. Но, маската не делува само на површинскиот дел на кожата, туку и на малите мускулни делови на лицето.
Освен лифтингот на лице, тука е и лифтингот на областа околу очите, кој ги отстранува подочниците, брчките и отоците околу очите, оставајќи убав и свеж изглед.

Магична ракавица
Третманот со магична ракавица е безболен третман кој го враќа младешкиот изглед на вашето лице. По само еден третман со магичната ракавица, еластичноста на кожата и циркулацијата на крвта се зголемуваат за повеќе од 40%.

Ѕkin master
Ѕkin master е систем за подмладување на кожата, кој со нискофреквентни ултразвук вибрации безбедно и ефикасно ја ексфолира вашата кожа, зголемувајќи ја циркулацијата на крвта низ неа и со тоа правејќи ја поздрава и повитална. Со Ѕkin master од вашата кожа можете да ги отстраните:брчките и разните нерамнини, да ги изедначите различните пигменти и да ја повратите хидрантноста и цврстината на кожата. .

Дијамантски пилинг
Дијамантскиот пилинг е третман за обновување на кожата при што се чистат и регенерираат не само површинските туку и длабинските слоеви на кожата. По овој третман кожата останува мека, мазна, хидратирана, ексфолирана и ослободена од сите нечистотии. Со длабинското чистење на кожата, дијамантскиот пилинг ја подобрува циркулацијата на крвта низ неа и ја прави поеластична, повитална и подмладена.

Радиофреквенција
Овој третман се постигнува преку апарат со висока фреквенција, при што се предизвикува ротација и судирање на масните клетки и стимулација на топлина. Третманот е пријатен и релаксирачки и струјата воопшто не се чувствува.
Со радиофреквенцијата се подобрува функцијата на клетките, се подобрува циркулацијата, се зголемува колагенот во ткивата и се активира метаболизмот да ги елиминира токсините.
Радиофреквенцијата се употребува за тело, но и за лице, како програма за подмладување која постигнува природно стимулирање на колаген и еластин, еластичност на ткивото и намалување на должината и длабочината на брчките.

Federing
Federing е програма која ја зголемува еластичноста на кожата до 40%и делува во хармонија со биоелектричното поле на самото тело, односно струјата што се користи при овој третман е на исто ниво со електрицитетот на телото. Со оваа програма се израмнуваат нерамнините на кожата на лицето и се постигнува ефект на мазна, здрава и подмладена кожа.

Мезотерапија
Мезотерапија е нехируршки медицинско- козметички третман, кој се состои во внесување на различни активни супстанции, растителни екстракти и витамини во подлабоките слоеви на кожата и поткожното ткиво.
Оваа техника во медицината се користи веќе 50 години како терапија против болки, спортски повреди, дегенеративни заболувања, а денес наоѓа примена и во естетската медицина. Со мезотерапијата се третираат проблеми на кожата кои се последица на стареење – брчки на лицето, опуштена и дехидрирана кожа на лицето, вратот и деколтето, нарушена пигментација на кожата, а особено успешна е и при намалување на масните наслаги и целулитот.

Ултразвук
Ефектите од третманот со ултразвукот се: Термички, Хемиски и Механички ефекти.
Термички ефекти: ултразвучните бранови се апсорбираат во кожата и се претвораат во топлинска енергија и водат кон стимулација на циркулацијата на крвта и лимфниот систем, активирање на метаболизмот, зајакнување на крвните садови.
Хемиски ефекти: подмладување на кожата преку хемиски реакции во колагената фаза, конверзија на старото сврзано ткиво со ново и зацврстено, намалување на PH вредноста на кожата, зголемување на АТП (аденозин трифосфат) активноста.
Механички ефекти: внатрешна масажа на ткивата и клетките, стимулација на природното создавање на колаген, подобрување на организацијата на клетките на епидермисот, подобрување на еластичноста, измазнување на сврзаното ткиво, тонизирање на мускулите.

Третман со ЛЕД светлина
Третманот со лед светлина е иновативен третман кој користи ЛЕД светлина со различна бранова должина, а делува на површината и длабоко под кожата.
Сината светлина: ги отстранува акните и се препорачува за чувствителна, акнеста и мрсна кожа
Црвена светлина: за сите типови кожа, ја регенерираа кожата преку микро циркулација
Жолта светлина: стимулира лачење на природниот колаген, и ги измазнува брчките
Зелена светлина: Ја балансира кожата кој е уморна и мрсна

Silhouette
Од големата палета на третмани коишто ви ги нуди Silhouette,можете да направите избор на третмани кои ќе ги добивате паралелно, со што значително ќе заштедите на време, а ќе добиете на убавина.

Нашиот стручен персонал е тука да ве посоветува доколку не сте сигурни кој третман најмногу би ви одговарал вас или на вашиот партнер, кој исто така можете да го донесете со себе, затоа што Silhouette нуди третмани и за мажи.

Silhouette е тука да го оствари вашиот сон, да ве направи жената којашто посакувате да бидете и од насмевката на вашето лице да зрачи самодовербата што само беспрекорната убавина може да и ја овозможи на една жена.

Silhouette Охрид на Facebook!


60% попуст на пакет 9 третмани за лице во салон за убавина Silhouette во вредност од 6000ден. за само 2399ден.

Компанија : Silhouette

Адреса : Бул. "Туристичка" бб

Град : Охрид

http://silhouette.com.mk