55% попуст на БОГАТО МЕНИ СО ЈАГНЕШКО ПОД САЧ во ресторан „ВИА ИГНАЦИЈА“ - ВЕВЧАНИ во вредност од 880ден. за само 399ден.
* Мешана салата
* Јагнешко под сач
* Гарнир
* Домашна лепиња
* Овошен колач
Не пропуштајте ја оваа неодолива понуда, посетете го ресторан „ВИА ИГНАЦИЈА“ и уживајте во единствениот амбиент и извонредно вкусната храна.
* Едно лице може да купи неограничен број купони
* Купоните може да се купуваат и користат до 16.06.2013 година
* Купонот важи за во ресторанот (не важи за носење)
* Работно време: Понеделник - Недела 10:00 - 00:00
* Задолжителна е претходна резервација на
тел:046/798-527
моб:071/305-416
Ако сакате да уживате во прекрасниот пејзаж и извонредно вкусна храна, тогаш вашиот совршен избор е ресторан „ВИА ИГНАЦИЈА“ – ВЕВЧАНИ. Посетете го ова единствено место и пробајте го неверојатно вкусното јагнешко печено на традиционален начин под сач, со пекарски компир и салата, а за самиот крај засладете се со овошен колач и уживајте во оваа богато гурманско мени кое ќе ги задоволи сите ваши сетила!
„Виа Игнација“ веќе 25 години е еден од најубавите ресторани во Југозападните краишта на Македонија во кој спојот на традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот амбиент, создаваат атмосфера која пленува уште од првиот миг.
Далеку од градската врева на само неколку километри од охридското крајбрежје, во атарот на историското Вевчани, врвните професионални кувари за вас ја приготуваат највкусната храна, чиј почеток и крај се оригиналните рецепти и гурманската кујна. Како резултат на долгогодишното искуство и посветеноста на персоналот, „Виа Игнација“ стана синоним за голем број уникатни специјалитети, кои се совршен спој на традиционалната македонска и интернационална кујна.
Распослан на падините на планината Јабланица, ресторанот плени со сопствената архитектонска посебност, која е надополнета со природните убавини кои го опкружуваат. Вевчанските извори, големиот број историски локалитети, цркви и манастири, како и бујната шума се вистинска причина да посветите дел од вашето време за забава и дружење.
Ресторанот има капацитет од 150 гости, а располага и со ВИП просторија, тераса, рибник, детско катче, голема полјана, како и сопствен паркинг простор. Водејќи сметка за потребите на гостите, во склоп на ресторанот има и апартманско сместување од висока категорија.
Наспроти динамичното секојдневие, „Виа Игнација“ е одличен избор за одмор, прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или конгреси.
Професионалниот тим на ресторанот е во секое време на ваша услуга, да се погрижи во целост да се посветите на вашето неоповторливо уживање, кое ќе ве поттикне постојано да се навраќате во „Виа Игнација“ и во Вевчани.