Претходна понуда

БОГАТО МЕНИ СО СВИНСКО ПОД САЧ И ЛУКАНЕЦ ВО РЕСТОРАН „ВИА ИГНАЦИЈА“ - ВЕВЧАНИ ВО ЗА САМО 349ДЕН.

    • Вредност 700ден.
    • Попуст 50%
    • Заштеди 351ден.
  • Распродадено

Добивате

* Аперитив лозова ракија

* Мешана салата

* Свинско под сач

* Луканец (домашен колбас)

* Пекарски компир

* Домашна лепиња

* Десерт

Услови

* КУПОНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК.

* КУПОНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ВО САБОТА И НЕДЕЛА.

* КУПОНОТ ВАЖИ ЗА ВО РЕСТОРАНОТ (НЕ ВАЖИ ЗА "НОСЕЊЕ")

* ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ПРЕТХОДНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА МОБ:071/305-416

Опис

Виа Игнација - времеплов (since 1984)

Времеплов на 35 години постоење! 35 години традиција, врвни специјалитети, реномирани настани! Од 1984 до денес! И продолжуваме понатаму...Од денес ресторанот „Виа Игнација“ се отвора за посетителите да го почувствуваат деценискиот нашироко препознатлив амбиент на ресторанот, облагороден во ново руво и со врвни кулинарски рецепти! Повелете од 20 часот, свечено да зачекориме во новиот амбиент!

Posted by VIA IGNATIA - Vevcani, Macedonia on Friday, February 22, 2019

КОГА ОДАМ ВО ВЕВЧАНИ, ОДАМ ВО ВИА ИГНАЦИЈА.

Побегнете од вревата и метежот на градот, посетете го преубавото Вевчани, релаксирајте се и уживајте во свежиот и чист воздух и извонредно вкусната храна во ресторан „ВИА ИГНАЦИЈА“ – Вевчани.

„Виа Игнација“ веќе 35 години е еден од најубавите ресторани во Југозападните краишта на Македонија во кој спојот на традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот амбиент, создаваат атмосфера која пленува уште од првиот миг.

Далеку од градската врева на само неколку километри од охридското крајбрежје, во атарот на историското Вевчани, врвните професионални кувари за вас ја приготуваат највкусната храна, чиј почеток и крај се оригиналните рецепти и гурманската кујна. Како резултат на долгогодишното искуство и посветеноста на персоналот, „Виа Игнација“ стана синоним за голем број уникатни специјалитети, кои се совршен спој на традиционалната македонска и интернационална кујна.
Распослан на падините на планината Јабланица, ресторанот плени со сопствената архитектонска посебност, која е надополнета со природните убавини кои го опкружуваат. Вевчанските извори, големиот број историски локалитети, цркви и манастири, како и бујната шума се вистинска причина да посветите дел од вашето време за забава и дружење.
Ресторанот има капацитет од 150 гости, а располага и со ВИП просторија, тераса, рибник, детско катче, голема полјана, како и сопствен паркинг простор. Водејќи сметка за потребите на гостите, во склоп на ресторанот има и апартманско сместување од висока категорија.

Наспроти динамичното секојдневие, „Виа Игнација“ е одличен избор за одмор, прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или конгреси.
Професионалниот тим на ресторанот е во секое време на ваша услуга, да се погрижи во целост да се посветите на вашето неоповторливо уживање, кое ќе ве поттикне постојано да се навраќате во „Виа Игнација“ и во Вевчани.


БОГАТО МЕНИ СО СВИНСКО ПОД САЧ И ЛУКАНЕЦ ВО РЕСТОРАН „ВИА ИГНАЦИЈА“ - ВЕВЧАНИ ВО ЗА САМО 349ДЕН.

Компанија : Виа Игнација

Адреса : Виа Игнација Вевчани

Град : Охрид

http://www.viaignatia.mk