50% попуст на КАРТА за театарска претстава „Ако се фаќаш фати се за...“ гостување на СОЛЗА И СМЕА од Битола во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.
* ЕДНА карта за претставата „Ако се фаќаш фати се за...“ гостување на СОЛЗА И СМЕА од Битола
- Среда, 06.03.2013 година
- Почеток 20.00 часот
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 06.03.2013 година до 19:50 часот
* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата
Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7 Февруари 1996 година во Битола. Како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола, ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј“. Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздивнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионално се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надвор од неа.
Солза и Смеа денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество. Доказ за тоа се големиот број на награди и пофалби низ фестивалите, како и успешната турнеа во Австралија во 2011 година. Најуспешен проект досега е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на ТЕРА ТВ, а достигна и енормна гледаност на Youtube. Последен проект од поголеми рамки е и играната музичка комедија на групата Молика и Анета Мицевска кој во соработка со Солза и Смеа ја доживеа и својата премиера во Декември 2012 година.