НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ВО ХРВАТСКА! ПАКЕТ АРАНЖМАН СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ, 4 НОЌЕВАЊА И 3 БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА САМО 15759 ДЕН. (255€)
Пакет аранжман во кој е вклучено:
* Автобуски превоз на релација Македонија – Хрватска со тргнување од Битола (преку Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово) со тргнување на 12.01 во 20:00ч. од Битола
* 4 ноќевања во хостел од највисока категорија во строгиот центар на Загреб
* 3 блок влезници за натпреварите по групи на 13.01, 15.01 и 17.01
* Обезбеден трансфер на релација хостел – Арена Загреб – хостел, на денот на натпреварите
* Пратител на групата во текот на целото патување и престој
* Екстра - Со купувањето на оваа понуда добивате и ваучери со попуст од 10% во одредени угостителски објекти (ресторани, пицерии, пивници)во центарот на Загреб.
* Едно лице може да купи неограничен број купони
* Пред да купите купон задолжително информирајте се во агенцијата за слободни места.
* Телефон за контакт: 047/610-066, 075/57-20-37, Работно време: Понеделник - Сабота од: 09:30 - 17:30ч.
* По купувањето на купонот задолжително е да направите резервација и да потпишете договор за патувањето со агенцијата.
* Важат општите услови на СКТМ и Т.А. “Globus Club” - Битола
* Доколку купонот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани.
1. ден (12.01.2018) - Битола – Прилеп – Велес – Скопје – Куманово.
Состанок на групата на паркингот пред Спортската сала Младост во Битола во 19:30ч.
Поаѓање во 20:00 ч. со попатно застанување во Прилеп( бензиска пумпа Лукоил 20:30);
Велес (бензиска пумпа Макпетрол 22:00); (Скопје паркинг пред хотел Континентал 23:00);
Куманово (бензиска пумпа Макпетрол 23:30). Продолжување кон Загреб.
Патување преку граничниот премин Табановцe, гранични формалности.
Ноќно возење, попатни одмори.....
2. ден (13.01.2018) – Загреб , прв натпреварувачки ден.
17 : 30ч.Германија – Црна Гора 19 : 30ч. Македонија – Словенија
Планирано пристигнување околу пладне и сместување во хостел.
Слободно време до заминување за посета на натпреварите.
Организирано поаѓање од хостелот кон спортската сала – Aрена Загреб во договор со пратителот на групата. По натпреварите враќање во хостелот. Слободно време. Ноќевање.
3. ден (14.01.2018) - Загреб – Крапинске Топлице - Загреб
Слободен ден или факултативно посета на Крапинске Топлице (воден парк Aquae Vivae)
Доцна попладне враќање во Загреб. Слободно време. Ноќевање.
4. ден (15.01.2018) - Загреб, втор натпреварувачки ден.
18 : 00ч. Словенија – Германија 20 : 30ч. Црна Гора – Македонија
Слободно време или факултативно организиран разглед на Загреб со локален туристички водич.
Враќање во хостелот. Tргнување кон спортската сала Aрена Загреб во договор со пратителот на групата.
По натпреварите слободно време за индивидуални активности или организирана забава во фан зоната. Враќање во хостелот. Ноќевање.
5. ден 16.01.2018 - Загреб - Терме Тухељ - Загреб
Слободен ден или факултативно организирана посета на Терме Тухељ
(извор и базен со топла минерална вода 31-33 °С на отворено)
Можност за капење. Доцна попладне враќање во Загреб. Слободно време. Ноќевање.
6. ден 17.01.2018 - Загреб – Македонија, трет натпреварувачки ден.
18:00ч. Германија – Македонија 20:30ч. Црна Гора – Словенија
Слободно време за индивидувални активности. Напуштање на собите до 12;00 ч.
Поаѓање кон спортската сала во договор со пратителот на групата. Следење на натпреварите.
По натпреварите заминување кон Македонија. Ноќно возење. Царински формалности, попатни одмори. Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Во цената за е вклучено :
* Превоз со туристички автобус.
* Сместување во хостел во центарот на Загреб (http://www.chillout-hostel-zagreb.com)
* 4 ноќевања (без појадок, сместување во повеќекреветни соби)
* Влезници за натпревари ( според програмата )
* Пратител на групата за времетраењето на аранжманот.
* Организација на патувањето.
Во цената НЕ Е вклучено :
* Патничко осигурување 200 ден (задолжително).
* Храна, пијалоци
* Лични трошоци на патникот
* Факултативни излети и разгледи :
* Посета 10€, капење во Терме Тухељ 8€ (минимум 20 патници).01.2018
* Разглед на Загреб со професионален водич – 10 € (минимум 20 патници). 01.2018
* Посета 10€, капење во Крапинске Топлице 8 € (минимум 20 патници).01.2018
* Инфо за факултативите
Терме Тухељ (извор и базен со термална вода – на отворено)
Крапинске Топлице (воден парк Aquae Vivae - затворен)
Напомена !
За патувањето патникот е должен да поседува валидна патна исправа и да ги
исполнува условите за патување во Европска Унија.
Агенцијата не е надлежна да ја проверува исправноста на патните документи на патникот.
За валидна резервација ќе се смета писмен документ или 30% уплата директно во агенцијата со точни податоци: име и презиме, број на пасош, дата на раѓање, адреса на живеење.
Доплата на аранжманот 20 дена пред датата на патувањето.
Билетите за натпреварите можете да си ги подигнете од агенцијата 14 дена пред патувањето.
За недолично, непристојно и некултурно однесување на патникот во автобусот, на гранични премини, во спортската сала, во хостелот, на факултативните екскурзии и воопшто за цело време на аранжманот и евентуални санкции одат на трошок и одговорност на самиот патник.
Доплати за трансфери од други градови:
* Кичево, Струга, Охрид , Кавадарци, Тетово, Гостивар, Струмица Штип, Кочани 10 €
* Прилеп, Велес, Скопје, Куманово – бесплатно
За сопствен превоз цената се намалува за 20 € по патник.
За ова патување важат и ќе се применуваат Општите услови за патување на Т.А. Глобус Клуб и Т.А. Турист
За реализација на патувањето минимален број пријавени 45 патници.
Компанија : Т.А. „Globus Club“ - Битола
Адреса : Широк Сокак 52, 7000 Битола
Град : Битола