50% попуст на КАРТА за проекцијата на филмот „HERE AND THERE“ ОВДЕ И ТАМУ во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.
* ЕДНА карта за гледање на филмот „HERE AND THERE“ ОВДЕ И ТАМУ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“
* Проекции секој ден од 16.04.2013 (вторник) до 18.04.2013 (четврток) со почеток во 19.00 часот
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 18.04.2013 година до 18:50 часот
* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата
На кино репертоарот во Центарот за култура се прикажува филмот „HERE AND THERE“ ОВДЕ И ТАМУ 85 мин. - комедија | драма - 14 мај 2010 (САД), проекции секој ден од 16.04.2013 (вторник) до 18.04.2013 (четврток) со почеток во 19.00 часот.
„ТУКА И ТАМУ“
Филм на Дарко Лунгулов, Директор на фотографија: Матијас Шонинг, Монтажа Дејан Урошевиќ, Музика: Дејан Пејовиќ, Сценограф Ивана Николиќ и Фил Букелато. Должина: 1 час и 15 минути.
Улоги: Давид Торнтон (Роберт), Мирјана Карановиќ (Олга), Бранислав Трифуновиќ (Бранко), Јелена Мрѓа (Ивана) и Синди Лопер (Роуз)
Тука и Таму” е дебитанскиот филм во режија и сценарио на Дарко Лунгулов, српски емигрант во САД. Приказната го следи Роберт (Давид Торнтон) кој е пропаднат саксофонист од Њујорк, хронично депресивен што го спречува да комуницира со светот.
Принуден да се сели, тој го вработува Бранко (Бранислав Трифуновиќ), Србин “маж со комбе”. Бранко има предлог за Роберт, кој е без скршена пара: да оди во Белград, да се ожени за неговата девојка, да ја донесе во Њујорк за 5.000 долари.
Во Белград, девојка му го носи кај Олга (Мирјана Карановиќ), мајката на Бранко, кому и е кажано дека Роберт е пријател на Бранко и му треба место каде да остане додека да заврши некои работи. Назад во Њујорк, му го крадат комбето на Бранко. Без комбе, нема работа, без работа, нема пари, без пари, нема договор со Роберт.
Истовремено, Роберт започнува, полека да се опушта. Не дека Белград е толку мил. Дури и повеќе, градот изгледа како да е исполнет со складирани души, кои чекаат нешто да прават, за разлика од Роберт. Но Олга буди нешто во него и тој реагира, средувајќи си го лицето, купувајќи и цвеќиња, откривајќи мали тајни на вечера.
Со спортска јакна, кошула и незамисливо гнездо на коса, г-дин Торнтон изгледа како лик од цртан филм - изненадениот Крејмер од Сајнфилд - но со време добива некоја груба возвишеност. Познатата српска актерка г-ѓа Карановиќ, забележливо одсликува надеж, желба, губење и сила со поглед, со стегање на рамениците.
Да го збогати заплетот, режисерот, има собрано цела низа на ексцентрични и познати личност и актери, вклучувајќи ја и сопругата на г-дин Тортон, Синди Лопер (која подготви и песна за филмот). На крајот, станува збор за солидно дебитантско остварување коe има свои добри моменти. Доволно за да се надеваме дека Дарко Лунгулов успешно ќе го преброди синдромот на втор филм.