Претходна понуда

50% попуст на КАРТА за проекцијата на филмот „СОБА СО ПИАНО“ во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.

    • Вредност 100ден.
    • Попуст 50%
    • Заштеди 50ден.
  • Распродадено

Добивате

* ЕДНА карта за проекцијата на играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи

* Прикажување од петок 4-ти октомври до петок 11-ти октомври 2013, почеток на проекциите во 20.00 часот

Услови

* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели

* Купоните се продаваат до 11.10.2013 година до 19:50 часот

* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата

Опис

Играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи и продукција на Скопје Филм Студио, својата премиера во Охрид на наше големо задоволство ќе ја има во ПЕТОК 4-ти октомври 2013 година, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.

СОБА СО ПИЈАНО

Играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи и продукција на Скопје Филм Студио, својата премиера на наше големо задоволство ќе ја доживее во петок 4-ти октомври 2013 година, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот, го живеат она што вистински се.

Во филмот игра домашна и меѓународна група на актери: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви и Јана Стојановска. Специјални гости се: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.

Сценариото за филмот го напиша Жанина Мирчевска во соработка со Игор Иванов, а дел од авторската екипа се и Томи Салковски – продуцент и кинематографер, Чили Гонзалес – автор на музика, Владимир Павловски-монтажа, Миленко Јеремиќ-сценографија, Елена Дончева-костимограф и Ана Булајиќ Црчек-шминка.









50% попуст на КАРТА за проекцијата на филмот „СОБА СО ПИАНО“ во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.

Компанија : Центар за култура

Адреса : Кеј Маршал Тито Охрид

Град : Охрид

http://goo.gl/7ddnU