50% попуст на КАРТА за јубилејната театарска претстава „ЗЛАТНА БУБАШВАБА НА ПОПУЛАРНОСТА 7“ по повод 18 години постоење на „СОЛЗА И СМЕА“ во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.
* Карта за јубилејната театарска претстава „ЗЛАТНА БУБАШВАБА НА ПОПУЛАРНОСТА 7“ по повод 18 години постоење и славење полнолетство на „СОЛЗА И СМЕА“ - Битола
* ПЕТОК, 14-ти Март 2014 година, почеток 20.00 часот
* Побрзајте! Обезбедете си карта на време, бројот на купони е ограничен.
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 14.03.2014 година до 19:50 часот
* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид во соработка со „Театар Солза и Смеа“- од Битола Ве поканува на јубилејна претстава по повод 18 години постоење на „Солза и Смеа“ и славење полнолетство. „Златна бубашваба на популарноста 7“ е 7-ма по ред претстава од ваков вид, традиција на Солза и Смеа години наназад. Авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви, музика и уште многу. Најпосетувани претстави на Солза и Смеа наназад низ годините, после 4 години пауза конечно и со нов, 7-ми дел. Специјални гости: Бојан Стојков и Катерина Петровска (поранешни членови на Солза и Смеа).
ПЕТОК, 14-ти Март 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари, карти во продажба на денот на претставата.
Драмското студио „Солза и Смеа“ е формирано на 7 Февруари 1996 година во Битола. Како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за култура во Битола, ја има и првата премиера за претставата „Лонг плеј“. Неколкуте години активна работа го креваат нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се повеќе посетени. Со неколку падови и воздивнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминале неколку генерации на актери и режисери кои денес професионално се занимаваат со тоа низ театрите во Македонија и надвор од неа.
Солза и Смеа денес е приватен театар каде работат и професионалци, насочен кон комедијата како жанр кој членовите во театарот го негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде театарот има земено учество. Доказ за тоа се големиот број на награди и пофалби низ фестивалите, како и успешната турнеа во Австралија во 2011 година. Најуспешен проект досега е хумористичниот ТВ серијал кој четврта година се емитува на ТЕРА ТВ, а достигна и енормна гледаност на Youtube. Последен проект од поголеми рамки е и играната музичка комедија на групата Молика и Анета Мицевска кој во соработка со Солза и Смеа ја доживеа и својата премиера во Декември 2012 година.