ПРЕМИЕРНО! 50% попуст на КАРТА за проекцијата на НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ЏГАН” во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.
* ЕДНА карта за проекцијата на НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ЏГАН”
* Премиерна проекција ПОНЕДЕЛНИК 04.04.2016 година, проекциите продолжуваат и во деновите 5-ти ВТОРНИК и 6-ти СРЕДА со почеток во 20.00 часот
* ПОБРЗАЈТЕ, БРОЈОТ НА КАРТИ Е ОГРАНИЧЕН!
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 06.04.2016 година до 19:50 часот
* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата
Премиера на новиот Македонски филм „ЏГАН“
„Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.“
ЏГАН е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ке го продолжи својот прикажувачки живот низ кино салите ширум Македонија.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.
Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.
Поведен од слоганот на филмот дека „Никој не е роден насилен“, Вардан Тозија го изработи и сценариото, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.