50% попуст на КАРТА за театарска претстава „АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА“ - народен театар Охрид во НУ ЦK „Григор Прличев“ во вредност од 100ден. за само 50ден.
* ЕДНА карта за претставата „АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА“ од Народен Театар Охрид
- Среда, 27.03.2013 година
- Почеток 20.00 часот
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 27.03.2013 година до 19:50 часот
* Задолжително доаѓање 10 минути пред почеток на претставата
„Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски
Оваа претстава наречена селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање, на публиката ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо. Претставата ќе можат да ја гледаат сите гледачи од различна возраст. Оваа претстава, која е авторско дело на Цветановски, зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Тоа се творби на народот, за народот, усно творештво што се пренесува со генерации. Но тоа творештво е подложно на промени и модификации како и секое усно творештво. Прашањето е каква е таа модификација? На каде се движи фантазијата? Која е вистинската приказна зад секоја една од македонските народни песни?
Улоги:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.
Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески,
тон Филип Ангеличин Жура.