50% попуст на КАРТА ЗА ОХРИДСКАТА ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ДЕНИЦИЈА“ ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ВО НУ ЦK „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ во вредност од 200ден. за само 100ден.
* ЕДНА карта за претставата „ДЕНИЦИЈА“
* Четврток, 19.01.2017 година.
* Почеток 20.00 часот.
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 19.01.2017 година до 19:00 часот
* Задолжително доаѓање ЕДЕН ЧАС пред почеток на претставата за да ги замените купоните со нумерирани карти.
ОХРИДСКА ПРЕМИЕРА НА ДЕНИЦИЈА ОД ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 19 јануари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, ќе се одржи премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе Европски метрополи.
Карти во продажба на билетарата на Центарот за култура, цена 200 денари.