50% ПОПУСТ НА БЛОК КАРТА ЗА ДВАЈЦА ЗА ПРЕТСТАВАТА „КАДЕ Е ПИШТОЛОТ?“ ВО НУ ЦK „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ВРЕДНОСТ ОД 400ДЕН. ЗА САМО 200ДЕН.
* БЛОК КАРТА ЗА ДВАЈЦА ЗА ПРЕТСТАВАТА „КАДЕ Е ПИШТОЛОТ?“
* Петок, 21.02.2020 година, почеток 20.00 часот.
* ПОБРЗАЈТЕ, БРОЈОТ НА КАРТИ Е ОГРАНИЧЕН!
* Секој може да купи неограничен број на купони за себе и за пријатели
* Купоните се продаваат до 21.02.2020 година до 19:30 часот
* Задолжително доаѓање 15 минути пред почеток
„Каде е пиштолот?“ Петок 21.02.2020 година
„Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј во режија на Дејана Николовска
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева
Музика: Гаро Ашикјан
Сценски движења: Асја Иванова
Драматург: Кристина Тодороска Петреска
Инспициент: Филип Ангеличин-Жура
Технички раководител: Зоран Левески
Светло: Борис Велјаноски
Тон: Митко Серафимоски
Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски
Фотографии: Пеце Настески NP Studio
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој - пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!