НОВА АНТИСТРЕС ТЕРАПИЈА! 90% попуст на ЧУВАЊЕ И ДРУЖЕЊЕ СО ОВЦИ во вредност од 1200ден. за само 120ден.
Најнова антистрес терапија „Мозокот на паша“
* Домашна ракија и овчо сирење за добредојде во бачилото
* Запознавање со овците, дружење и чување на истите
* Излежување на пролетното сонце
* Обука за правилно броење овци за мирен сон и подобро спиење
* Секој може да купи неограничен број на купони
* Понудата важи до нејзиното распродавање.
* Купоните можете да ги искористете од 03 часот наутро до 12 напладне
* потребна претходна најава на email ovca@beeeee.com.mk
* потребна опрема: Пар добри опинци, кавалче, стапче и пуштете го умот на пасење!
WELLNESS Е OUT, ЧУВАЊЕТО ОВЦИ Е IN!
Изреката мозокот на паша во оваа антистрес терапија добива сосема нова димензија. Во друштво на овчичките и со еден поглед во нивните очи ќе ги отстраните сите црни мисли и потполно ќе се опуштите. Слушајте го само нивното беееее, релаксирајте се и сите ваши грижи ќе ги снема а пред сипење не мора повеќе да броите овци ќе заспиете како бебе!