Обуки за личен развој со најдобрите обучувачи од Македонија! 75% попуст на пакет од 5 обуки „ПЕТ++“ организирани од локалната агенција за развој од Струга во вредност од 10000ден. за само 2500ден.
* „Пакет ПЕТ ++“ за Обуки за личен развој кои ќе се одржуваат целодневно на 06,13,23,27 април и 11 мај. во канцеларијата на Локалната Агенција за Развој, во старото училиште Браќа Миладиновци, ул.Владо Малески бб, Струга
* По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество
* Времетраење на една обука: 6 часа
* Пријавување најдоцна до 5ти април, Купонот може да се искористи до: 12 Мај, 2013
* По купување на купонот потребно е да се пријавите на овој линк
* Едно лице може да купи повеќе купони за себе и своите пријатели
* Доколку не го искористите ваучерот средствата за истиот не може да ви бидат рефундирани
* Подетални информации на моб: 078 212 327
За прв пат во Охрид и Струга!
ШТО?
Пакет обуки за личен развој со искусни обучувачи од цела Македонија!
ЗА КОГО?
За сите полнолетни лица кои сакаат да си го подобрат својот живот и да постигнат професионален, емотивен, духовен баланс!
Како да го добиете она што го сакате?
Дали се чувствувате под постојан стрес?
Како да ги препознаете и да се справите со негативните емоции?
Дали често се фаќате во борба со недостатокот на време и неможноста да стигнете квалитетно да одговорите на сите фамилијарни и работни обврси?
Дали сакате да дознаете нешто повеќе за сексуалното здравје и љубовно-еротското умеење, а нема кого и каде да прашате?
Што е Емоционална Интелегенција и зошто е толку важна за успехот?
Како да ги трансформирате конфликтите во соработка и да го намалите стресот?
На сите овие прашања и на многу други, ќе добиете одговор доколку се пријавите на нашите обуки. Уникатен избор на предавања кои ќе ги задоволат и најпребирливите, на теми кои не се учат на училиште и се премногу скапи за да си ги дозволите индивидуално!
Дојдете и уверете се!
Датумите, темите и предавачите на обуките се следниве:
06 април – „ Емоционална интелегенција – развој и користење на клучните емоционални вештини“
Предавач: Нела Јолеска – основач на „Извор“ првиот Центар за развој на емоционална интелегенција во Македонија
13 Април - Семинар за комуникација и комуникациски вештини „Ефективна Комуникација – Можам Ли Подобро?“ –
Предавач: М-р Анета Мајсторова - Дипломиран психолог и независен обучувач од областа на човечки ресурси, повеќегодишно работно искуство како обучувач во „Орифлеим“, „Цептер“, КОСМО Иновативен Центар, ЦС Глобал и многу други.
23 април - „Како да го добијам она што го сакам?“ (психодрама и социодрама)
Предавачи: Мирјана Јовановска Стојановска - дипл.психолог, лиценциран психотерапевт од Комората на психолози на Р. Македонија, психодрама терапевт и гешталт психотерапевт и сертифициран супервизор за психотерапија од Гесталт Институт, Лондон, Велика Британија. Тренер и супервизор во Амигдала, школата за психодрама психотерапија. Член е на управен одбор на Македонска Психодрамска Асоцијација).
Маргарита Николовска – дипл.психолог, лиценциран психолог од Комората на психолози на Р Македонија, психодрама психотерапевт и ЕУ сертифициран тренер за психосоцијална рехабилитација на ранливи групи, Претседател на Амигдала.
И двете предавачки се вработени во „Сега и Овде“ приватен кабинет за психотерапија, советување и психодијагностика.
27 април - „ Обука за справување со Конфликт, Стрес и Burnout (Емоционално согорување)“
Предавачи: Јове Хаџиевски - дипломиран психолог/психотерапевт/гешталт терапевт, долгогодишно професионално искуство во Медицинскиот центар во Битола, во Mercy Medical Center, Canton, OH, USA, Ohio Psychiatric Hospital, Columbus.OH, USA, Претседател на Интернационалниот Гешталт Институт на Македонија и член на Надзорниот Орган на Македонската асоцијација на надарени и талентирани.
Нела Јолеска – основач на „Извор“ првиот Центар за развој на емоционална интелегенција во Македонија
11 Мај - „ Сексуално здравје и и љубовно-еротско умеење“
Предавачи: Димитар Митров – Љубовно-еротски терапевт и учител по Комаја медитација. Претседател на Комаја Здружението од Скопје, член на The World Association for Sexual Health (WAS). Долгогодишно искуство со медитација, тантра, јога, водење работилници од областа на себекултивирање.
Веџие Авдиу – доктор по општа медицина, вработена во Градска општа болница 8-ми Септември Скопје. Долгогодишно искуство со јога, медитација и себеспознавање.
ЛАР-Струга е граѓанска организација која се стреми кон постигнување подобар квалитет на живот за жителите на урбаните и руралните делови од општина Струга и регионот и допринесување за регионалниот развој преку соработка со различни актери од југозападниот регион на Македонија и соседна Албанија и Грција.
Локалната Агенција за Развој (ЛАР) во Струга е основана во Јануари 2004 година како дел од проектот „Локално Управување за Одржлив Економски и Човечки Развој“ ( Кластерот на УНДП за Децентрализација и Добро Управување).
За време на овој проект, главниот мандат на ЛАР беше да го поддржи долгорочниот развој на Општина Струга преку идентификување на приоритетни области, воспоставување партнерства и мобилизирање на претставници од приватниот сектор, граѓанските организации и локалната самоуправа.
Денеска, ЛАР е самоодржлива организација со доволно знаење и капацитет да ја опслужува општината, регионот и граѓаните.
ЛАР е препознаена како независен, непартиски и професионален актер во локалната заедница. Уште од самиот почеток, ЛАР го применува пристапот кој подразбира проактивност и партиципативност во соработката со претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор при имплементирање на проектните активности.
Локална Агенција за Развој - Струга
ул.Владо Малески бб Струга
046784151 (тел)
046784152 (факс)
078212327 (моб)
ldastruga.org
facebook.com/ldastruga
youtube.com/strugalda
Компанија : ЛОКАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ
Адреса : ул. Владо Малески бб
Град : Струга