76% попуст на пакет 10 третмани за лице во салон за убавина Silhouette во вредност од 6200ден. за само 1499ден.
* 10 третмани за лице:
** Skin Master (2x600ден.)
** Дијамантскиот пилинг (2x600ден.)
** Магична ракавица (2x800ден.)
** Третман со ЛЕД светлина (2x300ден.)
** Радиофрекфенција (2x800ден.)
* Можете да купите неограничен број на купони
* Пред посета на салонот задолжително е да закажете на тел. 046/257-789
* Работно време: Пон - Сабота од 09:00 до 21:00
* Понудата трае до 29.04.2012, а купоните можете да ги искористите до 12.05.2012
Радиофреквенција
Овој третман се постигнува преку апарат со висока фреквенција, при што се предизвикува ротација и судирање на масните клетки и стимулација на топлина. Третманот е пријатен и релаксирачки и струјата воопшто не се чувствува.
Со радиофреквенцијата се подобрува функцијата на клетките, се подобрува циркулацијата, се зголемува колагенот во ткивата и се активира метаболизмот да ги елиминира токсините.
Радиофреквенцијата се употребува за тело, но и за лице, како програма за подмладување која постигнува природно стимулирање на колаген и еластин, еластичност на ткивото и намалување на должината и длабочината на брчките.
Ѕkin master
Ѕkin master е систем за подмладување на кожата, кој со нискофреквентни ултразвук вибрации безбедно и ефикасно ја ексфолира вашата кожа, зголемувајќи ја циркулацијата на крвта низ неа и со тоа правејќи ја поздрава и повитална. Со Ѕkin master од вашата кожа можете да ги отстраните:брчките и разните нерамнини, да ги изедначите различните пигменти и да ја повратите хидратантноста и цврстината на кожата.
Дијамантскиот пилинг
Дијамантскиот пилинг е третман за обновување на кожата при што се чистат и регенерираат не само површинските туку и длабинските слоеви на кожата. По овој третман кожата останува мека, мазна, хидратирана, ексфолирана и ослободена од сите нечистотии. Со длабинското чистење на кожата, дијамантскиот пилинг ја подобрува циркулацијата на крвта низ неа и ја прави поеластична, повитална и подмладена.
Магична ракавица
Третманот со магична ракавица е безболен третман кој го враќа младешкиот изглед на вашето лице. По само еден третман со магичната ракавица, еластичноста на кожата и циркулацијата на крвта се зголемуваат за повеќе од 40%.
Третман со ЛЕД светлина
Третманот со лед светлина е иновативен третман кој користи ЛЕД светлина со различна бранова должина, а делува на површината и длабоко под кожата.
Сината светлина: ги отстранува акните и се препорачува за чувствителна, акнеста и мрсна кожа
Црвена светлина: за сите типови кожа, ја регенерираа кожата преку микро циркулација
Жолта светлина: стимулира лачење на природниот колаген, и ги измазнува брчките
Зелена светлина: Ја балансира кожата кој е уморна и мрсна
Silhouette
Од големата палета на третмани коишто ви ги нуди Silhouette,можете да направите избор на третмани кои ќе ги добивате паралелно, со што значително ќе заштедите на време, а ќе добиете на убавина.
Нашиот стручен персонал е тука да ве посоветува доколку не сте сигурни кој третман најмногу би ви одговарал вас или на вашиот партнер, кој исто така можете да го донесете со себе, затоа што Silhouette нуди третмани и за мажи.
Silhouette е тука да го оствари вашиот сон, да ве направи жената којашто посакувате да бидете и од насмевката на вашето лице да зрачи самодовербата што само беспрекорната убавина може да и ја овозможи на една жена.
Silhouette Охрид на Facebook!