60% попуст на пакет 4 ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ во салон за убавина Silhouette во вредност од 2000ден. за само 799ден.
* Пакет 4 третмани за лице:
** Магична ракавица
** Радио фреквенција
** Skin Master
** Маска за хидратација
Убавото и негувано лице не е луксуз. Освежете го вашето лице, подарете и на кожата пакет третмани со кои ќе го вратите сјајот и нежноста – вие тоа го заслужувате!
* Можете да купите неограничен број на купони
* Пред посета на салонот задолжително е да закажете на тел. 046/257-789
* Понудата трае до 17.03.2013. Купоните можат да се искористат до 23.03.2013
Вратете му го сјајот, виталноста и нежноста на вашето лице. Со овие луксузни третмани, повторно ќе блеснете и ќе имате совршена негувана младолика и освежена кожа.
Магична ракавица
Третманот со магична ракавица е безболен третман кој го враќа младешкиот изглед на вашето лице. По само еден третман со магичната ракавица, еластичноста на кожата и циркулацијата на крвта се зголемуваат за повеќе од 40%.
Ѕkin master
Ѕkin master е систем за подмладување на кожата, кој со нискофреквентни ултразвук вибрации безбедно и ефикасно ја ексфолира вашата кожа, зголемувајќи ја циркулацијата на крвта низ неа и со тоа правејќи ја поздрава и повитална. Со Ѕkin master од вашата кожа можете да ги отстраните:брчките и разните нерамнини, да ги изедначите различните пигменти и да ја повратите хидратантноста и цврстината на кожата.
Радиофреквенција
Овој третман се постигнува преку апарат со висока фреквенција, при што се предизвикува ротација и судирање на масните клетки и стимулација на топлина. Третманот е пријатен и релаксирачки и струјата воопшто не се чувствува.
Со радиофреквенцијата се подобрува функцијата на клетките, се подобрува циркулацијата, се зголемува колагенот во ткивата и се активира метаболизмот да ги елиминира токсините.
Радиофреквенцијата се употребува за тело, но и за лице, како програма за подмладување која постигнува природно стимулирање на колаген и еластин, еластичност на ткивото и намалување на должината и длабочината на брчките.
Маската за хидратација најефикасно, даблински ќе ја хидратизира вашата кожа, ќе ја ревитализира и ќе ја измазни а вие ќе имате блескаво, сјајно и нежно лице.
Silhouette
Од големата палета на третмани коишто ви ги нуди Silhouette,можете да направите избор на третмани кои ќе ги добивате паралелно, со што значително ќе заштедите на време, а ќе добиете на убавина.
Нашиот стручен персонал е тука да ве посоветува доколку не сте сигурни кој третман најмногу би ви одговарал вас или на вашиот партнер, кој исто така можете да го донесете со себе, затоа што Silhouette нуди третмани и за мажи.
Silhouette е тука да го оствари вашиот сон, да ве направи жената којашто посакувате да бидете и од насмевката на вашето лице да зрачи самодовербата што само беспрекорната убавина може да и ја овозможи на една жена.
Silhouette Охрид на Facebook!