60% ПОПУСТ НА ПАКЕТ 6 ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ПО ИЗБОР ВО ЦЕНТАР ЗА УБАВИНА „PURITY“ ВО ВРЕДНОСТ ОД 7000ДЕН. ЗА САМО 2800ДЕН.
* ПАКЕТ 6 ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ ПО ИЗБОР:
** Мезопорација
** Радиофреквенција
** Дијамантска дермоабразија
** Ултразвук
** Дерма ролер
** Овошни киселини
* Едно лице може да купи неограничен број купони
* Работно време: Понеделник - Петок од 10:00 до 20:00, Сабота од 12:00 до 17:00
* Задолжителна е претходна резервација на Моб.:075/575-465
ЦЕНТАР ЗА УБАВИНА „PURITY“
Убедени дека тајната на убавината лежи во хармонијата на внатрешното здравје и надворешниот изглед, ние во Purity сме посветени во обезбедување на незаборавно искуство на нашите клиенти.
МЕЗОПОРАЦИЈА
Мезопорација е модерна техника која им овозможува побрзо и подлабоко продирање на активните супстанции и активирање на метаболизмот во дермисот. Овој естетски метод применува пулсна струја, која создава електромагнетно поле кое отвора привремени канали (mesopores) во липидниот слој на епидермисот, каде се дозволува поминување на активни супстанции во живите слоеви на кожата. Мезопорацијата, уште позната како Мезотерапија без игли е безболна алтернатива на класичнaта мезотерапија, која вклучува вметнување на активни супстанции во подлабоките слоеви на кожата преку mesotherapeutic игли.Мезопорацијата обезбедува брзо видливи но и резултати на долги патеки, а посебно се препорачува за третман на стареење на кожата, брчки, пеги, локални маснотии, целулит и стрии. Методот е сосема безболен и не остава на кожата после третманот, било какви несакани траги и затоа може да се направи во секое време во текот на работната недела или викендот
RF ТРЕТМАН ЗА ЛИЦЕ
RF третман на лице е естетски третман кој користи радио фреквенции на енергија за загревање на ткивото и стимулирање на производството на колаген во подлабоките слоеви на кожата, а со тоа намалување на појавата на “опуштена” кожа. Со оваа техника се постигнува “ремоделирање” на кожата, како и производство на нов колаген.Овој третман е неинвазивна алтернатива на хируршкото чистење на лицето и слични инвазивни третмани.Циркулацијата и размената на материјата во клетките на кожата се подобруваат.Резултатот е посилна, посветла и поздрава кожа со значително намалени брчки.Покрај кожата на лицето оваа метода дава одлични резултати во делот на лабава кожа на телото, како што се горниот дел на рацете, бутовите…
ДИЈАМАНТСКА ДЕРМОАБРАЗИЈА
Дијамантската дермоабразија е нов пристап кон микродермабразијата што се практикува во САД неколку години. Дермоабразија е најдобро позната како механички пилинг со помош на кој горниот слој на кожата се отстранува нежно, па мртвите клетки на кожата се отстрануваат трајно. Основното ткиво на кожата е стимулирано да формира нови клетки на кожата и нежно да го поправа постоечкото, оштетено ткиво. На овој начин, различни проблеми со кожата – како што се брчки, нечистотии, акни или дефектни пигментации – може да се корегираат.Дијамантската дермоабразија е еволуција на конвенционалната дермоабразија. Имено во процесот се користат вистински дијаманти: брусената глава на држачот е опремена со специјални дијамантски додатоци. Дијамантската дермоабразија е идеална за проблематичните области на лицето и телото.Универзално е применлива за секој вид на кожа
ТРЕТМАН ЗА ЧИСТЕЊЕ СО УЛТРАЗВУЧНА ШПАТУЛА
Третманот со ултразвук се извршува со ултразвучна шпатула која служи за директен контакт со кожата на лицето и нејзино чистење. За време на пилингот, со користењето на шпатулата се отстрануваат комедони т.н. Митесери. Апаратот со ултразвучни вибрации ги отстранува акните од каналот. Исто така, во исто време се отстранува тенок слој на површни мртви клетки на кожата. Откако ќе заврши овој третман, се нанесува маска за лице, кој ја смирува, ја храни кожата и ги намалува порите. Третманот е апсолутно безболен и пријатен, трае околу 15 минути. По ултразвучното чистење нема црвенило. Може непречено да се продолжи со секојдневните активности. Придобивки: Ја смирува и навлажнува сувата кожа,ја енергизира истата да биде свежа,полна со живот и мазна
МЕЗОТЕРАПИЈА - ДЕРМА РОЛЕР
Мезотерапија, Дерма Ролер методот во моментот се наоѓа на прво место на списокот на најбарани третмани. Со ефикасноста и едноставната апликација на безболно боцкање од 500 000 убоди на микро игли на природен начин се прави обнова на кожата а клиентите може да бидат од различна возраст, пол и проблематика. Резултатите на најновата технологија се комбинација од комбинирана употреба на Дерма Ролер и коктел за мезотерапија.
Ваквата комбинација е моќна, дава видливи и докажани резултати. Всушност крајниот ефект од третманот резултат од ефектите на дерма ролерот кои потикнуват синтеза на нов колаген и еластин, стимулирани од уникатната формулација на коктелот за мезотерапија.Со помош на дерма ролерот се обезбедува 95% ефективна ресорпција на активните состојки во кожата, со што максимално се искористува нивниот моќен ефект.
ТРЕТМАН СО ОВОШНИ КИСЕЛИНИ
Овошните киселини се користат во козметиката веќе долги години за ублажување на проширените пори и пигментација на кожата (пеги, флеки, итн), како и лузни од акни. Степенот на нивното делување зависи од составот на киселината, концентрацијата, pH вредноста на производот како и од правилната и стручна употреба. Во зависност од производителот, концентрацијата на киселината во професионалниот третман се движи од 20 до 70%, а во препаратите за домашна нега од 8 до 10%.Повеќекратно и благотворно делување на овошните киселини: имаат кератолитичко делување т.е поттикнуваат луштење и одстранување на изумрените ќелии на епидермисот ( површинскиот слој на кожата) го стимулираат обновувањето и регенерација на кожата,на дехидрираната ( исушена) кожа ја враќаат влажноста и виталноста,ги отстрануваат ситните, површински брчки и ги намалуваат длабоките,ги избледуваат пигментираните дамки и лузни од акни,кај масната и нечиста кожа ги намалуваат проширените пори, што доведува до општо подобрување на тенот и намалување на можноста од воспаление.