РЕСТОРАН „ВИА ИГНАЦИЈА“ ВЕВЧАНИ со ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА за вашите СЕМЕЈНИ И ДЕЛОВНИ ПРОСЛАВИ! ТОП МЕНИ со вклучен ПРОФЕСИОНАЛЕН ФОТОГРАФ, ДЕКОРИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ и МУЗИКА ВО ЖИВО за само 690ден. по лице.
1. МЕНИ
- Предјадење (мешана салата, виткалник, комат и бело сирење)
- Главно јадење (свинско под сач, вевчански пилешки дукат, пекарски компир и домашни лепиња)
- Десерт (колач)
2. ПРОФЕСИОНАЛЕН ФОТОГРАФ
Продукција „Mega Production“ – Охрид. Фотографирање, изработка на албум со 30 фотографии, како и ЦД со сите фотографии. Можност и за фотосесија со славениците.
3. БЕНД СО МУЗИКА ВО ЖИВО
За време траење на целиот настан, со забавна и со народна музика, ќе ве забавува „Џубокс Бенд“.
4. ДЕКОРИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ
Според типот на настанот (венчавка, роденден, крштевка, прослава…), нудиме и бесплатна декорација на објектот.
5. АНИМАТОРКА
Доколку станува збор за родендени за вашите најмили, наместо жива музика, нудиме можност за ангажирање на аниматорка за децата проследено со детска музика од ЦД.
* Минимум број на присутни возрасни лица е 20.
* Еден купон одговара на една возрасна особа.
* Во цената не е вклучен пијалок.
* Менијата за деца не се дел од цената и ќе бидат предмет на договор според вашите потреби.
* Задолжителна е претхподна резервација на телефон: 046798527 и мобилен: 071305416.
КОГА ОДАМ ВО ВЕВЧАНИ, ОДАМ ВО ВИА ИГНАЦИЈА.
Побегнете од вревата и метежот на градот, посетете го преубавото Вевчани, релаксирајте се и уживајте во свежиот и чист воздух и извонредно вкусната храна во ресторан „ВИА ИГНАЦИЈА“ – Вевчани.
„Виа Игнација“ веќе 25 години е еден од најубавите ресторани во Југозападните краишта на Македонија во кој спојот на традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот амбиент, создаваат атмосфера која пленува уште од првиот миг.
Далеку од градската врева на само неколку километри од охридското крајбрежје, во атарот на историското Вевчани, врвните професионални кувари за вас ја приготуваат највкусната храна, чиј почеток и крај се оригиналните рецепти и гурманската кујна. Како резултат на долгогодишното искуство и посветеноста на персоналот, „Виа Игнација“ стана синоним за голем број уникатни специјалитети, кои се совршен спој на традиционалната македонска и интернационална кујна.
Распослан на падините на планината Јабланица, ресторанот плени со сопствената архитектонска посебност, која е надополнета со природните убавини кои го опкружуваат. Вевчанските извори, големиот број историски локалитети, цркви и манастири, како и бујната шума се вистинска причина да посветите дел од вашето време за забава и дружење.
Ресторанот има капацитет од 150 гости, а располага и со ВИП просторија, тераса, рибник, детско катче, голема полјана, како и сопствен паркинг простор. Водејќи сметка за потребите на гостите, во склоп на ресторанот има и апартманско сместување од висока категорија.
Наспроти динамичното секојдневие, „Виа Игнација“ е одличен избор за одмор, прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или конгреси.
Професионалниот тим на ресторанот е во секое време на ваша услуга, да се погрижи во целост да се посветите на вашето неоповторливо уживање, кое ќе ве поттикне постојано да се навраќате во „Виа Игнација“ и во Вевчани.