ВИКЕНД ПОНУДА ВО РИБНИК - РЕСТОРАН РАЈСКА ДОЛИНА! РИБНА ЧОРБА, ПОРЦИЈА РЕЧНА ПАСТРМКА СО ГАРНИР ПЕКАРСКИ КОМПИР, МАКАЛО, ¼ БЕЛО ВИНО, ¼ КИСЕЛА ВОДА И ТУРСКО КАФЕ ЗА САМО 429ДЕН.
** Рибна чорба
** Порциа речна пастрмка (400гр.)
** Гарнир пекарски компир
** Макало и леб
** Бело вино (0.25л.)
** Кисела вода (0.25л.)
** Турско кафе
* Задолжителна е претходна резервација
* Понудата важи само за викенд: Сабота и Недела
* Купонот важи за во ресторанот (не важи за "носење")
* Тел за резервација 072/207-261 или 078/261-281
На 15 километри од Охрид на патот за Битола, во подножјето на селото Куратица се наоѓа рибникот – ресторан „Рајска долина“. Мирно, живописно место, внимателно и со стил уредено во „Рајска долина“. Ако го посетите ќе се уверите и самите зошто ова место е рајски убаво.
Сместено во раскошна природа, покрај Голема Река (Коселска), ова место плени со амбиентот кој го разубавуваат неколку големи езерца во кои се одгледува автохтона охридска пастрмка, крап и подмладок на речна пастрмка.
Околу езерцата има летниковци, тераси и ресторан каде се служат исклучиво специјалитети од риба по прифатливи цени, и се разбира добра услуга. Сето тоа надополнето со свеж планински воздух и звуци од природата опкружена со вода.
„Рајска долина“ ја разубавуваат птици кои се шетаат во и покрај езерцата полни со риба.
За најмладите изградено е детско катче со најразлични забавни реквизити, а на околу има убаво уредени паркови со интересни детали и широчина за игра и уживање.
Доколку уживате во природа и рибни специјалитети и барате мир од градската врева, посетете ја охридската „Рајска долина“.
РИБНИК - РЕСТОРАН РАЈСКА ДОЛИНА на Facebook!
Компанија : ЈОВАНОСКИ БАР & РЕСТОРАН
Адреса : 15 км. од Охрид, кај Прентов мост по патот за Куратица и Речица
Град : Охрид