Претходна понуда

НОВО ВО СТОМАТОЛОШКИ ЦЕНТАР ДР. БАТКОСКИ! БЕСПЛАТЕН КУПОН ЗА ПОПУСТ ОД 20% НА ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРЧКИ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИ СО ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

    • Вредност 0ден.
  • Распродадено

Добивате

* Нов, модерен, минимално инвазивен и безбеден пристап за естетска реставрација на:

** Челни брчки
** Глабела
** Crow- feet(брчки околу очи)
** Назолабијани брчки
** Брчки околу уста
** Зголемување на усни
** Марионети
** Линија на брада (Jaw line)

* Количината на аплицирање на еден филер е до 1ml

Бидете дел од современите концепти на естетската медицина и стоматологија

Услови

* Можете да искористите неограничен број на бесплатни купони во вредност од 0 денари.

* Купоните не може да се комбинираат за да се добие поголем попуст!

* Понудата трае до 11.01.2015 година

* Пред посета задолжително е да закажете на Тел. 046/230-079

* Работно време од Понеделник - Петок : 09:00 до 17:00, Сабота : 09:00 до 14:00

Опис

Како делуваат филерите?
Хијалуронските филери се состојат од чиста Хијалуронска киселина, која е безбедна супстанца. Таа природно се наоѓа во сврзното ткиво на човекот, а 50% од нејзиниот вкупен волумен се наоѓа во кожата.Во текот на физиолошките процеси на стареење се ресорбира, што резултира со намалување на еластичноста и тонусот на кожата што е идеална подлога за појава на брчки. Хијалуронската киселина во облик на гел им дава потпора на колагените и еластичните влакна. Суштината на третманот е да се вбризга во кожата со цел да се надомести губитокот на Хијалуронската киселина

Предности на ХФ
* Биокомпатибилен,
* Биоразградлив
* Стимулира продукција на колаген
* Хидратира
* Изгледа природно
* Секоја наредна апликација подолго трае

Дали третманот со хијалуронски филери е соодветен за мене?
Хијалуронските филери се најдобро решение за оние кои сакаат да ги отстранат фините линии или длабоките брчки на лицето, а не сакаат да имаат операција, како и сосема природно да ги зголемат своите усни. Тие се прав третман на избор за жени и мажи кои сакаат да му одолеат на стареењето. Со филерите се постигнува потполно природен изглед, било при пополнување на брчки или зголемвање на усни, на што се должи и неговата исклучителна популарност ширум светот. Филерите се безбедно , нехирушко лечење кое го надоместува изгубениот волумен на ткивото. Изборот на третманот и техниката мора да бидат проценети по консултација со докторот.

Што може да се очекува по третманот со хијалуронска киселина и како изгледа третманот?
Хијалуронските филери се вбризгуваат директно во кожата, во мали количини, при што се користат тенки, фини игли. Заради постигнување на максимален комфор, се применува локална анестезија. Третманот е едноставен, безбеден, безболен и трае од 15 до 30 мин. Резултатите се воочливи веднаш после третманот. Се постигнува ефект на затегнатост, хидратација, здравје. Се враќа волуменот во кожните набори, па така брчките потполно исчезнуваат. Кожата станува глатка, враќајки ја младешката структура на лицето, што прави да се чувствувате помладо и попријатно. Искуствата покажуваат дека мал број пациенти чувствуваат нелагодност на местото на убод, што трае неколку дена по пополнувањето со хијалуронска киселина. По третманот може да се појави црвенило или благ оток, кои траат помалку од 7 дена. Додека трае црвенилото и отокот треба да се избегнува сончање и изложување на многу ладно.

Изгледај добро, чувствувај се одлично


НОВО ВО СТОМАТОЛОШКИ ЦЕНТАР ДР. БАТКОСКИ! БЕСПЛАТЕН КУПОН ЗА ПОПУСТ ОД 20% НА ПОПОЛНУВАЊЕ НА БРЧКИ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УСНИ СО ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

Компанија : Стоматолошкиот центар „Д-Р БАТКОСКИ“

Адреса : Ул. „Марко Нестороски“ бр.147

Град : Охрид

http://drbatkoski.mk/