Изјава за приватност

Гарантирана 100 % приватност и заштита на лични податоци

Правниот кодекс за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на Kelepur.mk веб страната, и е насочена кон заштита на вашата приватност онлајн. Со Правниот кодекс за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте го наведениот текст за да научите кои податоци ние ги земаме од Вас и како ги користиме тие податоци.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРАВНИОТ КОДЕКС НА ПРИВАТНОСТ! СО ПРИСТАПУВАЊЕ ИЛИ СО КОРИСТЕЊЕ НА НАШИОТ ВЕБ САЈТ, ПРИЗНАВАТЕ ДЕКА СТЕ ГО ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ УСЛОВИ ДЕФИНИРАНИ ВО НЕГО ЗА ПРИВАТНОСТА И УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА. ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ, НАПУШТЕТЕ ЈА ОВАА СТРАНА И НЕ ГО УПОТРЕБУВАЈТЕ НАШИОТ ВЕБ САЈТ.

1. Измени во правниот кодекс за заштита на лични податоци

Објавите во Правниот кодекс за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме внимателно да го прочитате Правниот кодекс за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

2. Прибирање на податоци и употреба на тие податоци

Ние собираме два вида на информации на нашата веб-страница од нашите корисници: лични податоци и не-лични податоци.

Лични податоци се информации кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите партнери, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите партнери, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите партнери повратни информации, барање информации за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (колективно,"Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои информации за Вас. За Вас не е задолжително за да се вклучите во некоја активност за идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност за идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, ние исто така може да побараме од Вас да го обезбедите бројот на вашата кредитна картичка, рок и кодови за автентичност или сродни информации. Во зависност од активноста, некои од информациите се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните информации за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

 

Доколку одлучите да ја користите нашата услуга за препорака или да купите понуда за пријател (Кажи на пријател/Купи за пријател!), ние ќе Ве го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот Веб сајт. Kelepur.mk ги зачувува овие информации со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на успешноста на нашата програма за препораки.

 

Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на info@kelepur.mk и да побара овие информации да бидат отстранети од нашата дата база.

 

Ние ги користиме личните информации за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб -страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во точка 3 од Правниот кодекс за заштита на лични податоци. На пример, ако пратите на нашата служба за корисници е - маил, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни информации да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични информации како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични информации. Ние, исто така може да ги користиме личните информации заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите веб сајт Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

 

Не-лични податоци се информации кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на информации може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие информации кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на Правниот кодекс за заштита на лични податоци.

3. Начин на користење на лични податоци

Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

 

Ние можеме да ги споделуваме вашите информации со Kelepur.mk продавачи. Од време на време, ние нудиме понуди од одредени продавачи (наведени како "Kelepur.mk Продавачи"), кои, како дел од понудата, може да побараат информации за Kelepur.mk корисници кои ја купиле понудата, со цел да им помогнат при замената на купоните во производот/услугата. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со Kelepur.mk продавачите. Споделувањето на овие информации може да му дозволат на Kelepur.mk продавачот да испраќа реклама директно до Вас, доколку одлучи да го стори тоа. Сепак, ние ќе споделуваме лично идентификациони информации со Kelepur.mk продавачот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со Kelepur.mk продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не превземаме било каква одговорност за постапките на Kelepur.mk продавачите. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со Kelepur.mk. Ние немаме никаква одговорност за активностите на Kelepur.mk продавачот, и активностите на Kelepur.mk продавачот не се под наша контрола.

 

Ние можеме да ги споделуваме Вашите информации со овластени трети лица - Даватели на услуги. Ние нудиме услуги и производи преку трети лица. Овие "трети лица - Даватели на услуги" извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични информации со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки информации за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, процесирање на плаќањето со кредитна картичка, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични информации од поединци и претпријатија ("подружници") со кого имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите информации со Даватели на услуги со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, ние ги испраќаме информациите од Вашата кредитна картичка на банката која ја издала Вашата кредитна картичка со цел да се потврди плаќањето и доколку е применливо испраќаме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме информации за Kelepur.mk продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме Kelepur.mk продавачите и третите лица Даватели на услуги да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични информации од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.

 

Ние можеме да ги споделуваме вашите информации при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со информациите што ги чуваме, вклучувајќи ги личните информации. Сепак, личните информации ќе останат предмет на овој Правен кодекс за заштита на лични податоци.

 

Ние можеме да ги споделуваме вашите информации за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

4. Користење на не-лични податоци

Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични информации со партнерите, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични информации), со "Огласувачи" или "Рекламни компании".

5. Ажурирање и поправање на податоци

Ние сметаме дека треба да имате пристап и можност за промена на личните информации кои ни ги доставувате. Можете да промените било која од вашите лични информации, со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на "мојот профил", секцијата од сајтот, или можете да ни пратите е-мејл на info@kelepur.mk

 

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични информации доколку се променат. Вие може да побарате да бидат отстранети информациите за Вашиот профил но сепак, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите трансакции, не можете да ги избришете информациите поврзани со изминатите трансакции на веб-страната. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши информации, бидејќи ние периодично правиме резервна копија на датабазата. Ако одберете да ги зачувате податоците за Вашата кредитна картичка на сајтот, тие ќе бидеат складирани на безбедно место и можете да ги избришете во секое време со одење во "мојот профил", дел од вашиот профил.

6. Избор на корисникот за зачувување и употреба на информации

Како што беше дискутирано погоре, можете секогаш да одберете да не давате податоци, иако тоа може да се бара од Вас за да се вклучите во одредена активност на веб страната.

 

Како услов за да ги купите нашите производи и услуги кои се нудат, ние ќе ви испраќаме административни и промотивни е-пораки. Ние ќе ви испраќаме информации во зависност од Вашата активност и купувањата кои сте ги направиле, како и новости за наши производи и промотивни понуди. Вие не може да се одјавите од добивањето на административни пораки. "Административните Пораки" се однесуваат на активноста на корисникот на веб- страната, и вклучуваат пораки во врска со профилот на корисникот, негови барања, и негови купувања на производи и услуги. За разлика од Административните е- пораки, сепак, имате избор во однос на Промотивните е- пораки. Промотивните е- пораки ги рекламираат нашите производи и услуги, вклучувајќи ги и ексклузивните попусти и другите понуди, и / или производи и услуги на нашите Огласувачи или Партнери. Ако не сакате да добивате промотивни пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со испраќање на e- пошта на info@kelepur.mk , или со притискање на "одјави се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки. Доколку ни пишувате е-порака на нас, ве молиме наведете го вашето име, адреса, е-мејл адреса, и кои промотивни пораки не сакате да ги добивате.

7. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливсот со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб- страна преку Вашата лозинка и е- маил адреса. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни информации (како информации за кредитна картичка) со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

 

За жал, нема 100% сигурен пренос на податоци преку интернет или кој било која друга безжична мрежа. Како резултат на тоа, додека ние имплементираме комерцијално разумни безбедносни мерки за заштита на податоците и се обидуваме да соработуваме со компании кои го прават истото, ние не можеме да Ви гарантираме безбедност на какви било информации пренесени на или од веб- страната, и не сме одговорни за постапките на било која трета страна која може да ги добие сите такви податоци.

8. Следење на податоци

Cookies. За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат информации за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално -прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични информации од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

 

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја пратиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Даватели на услуги да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични информации за таа акција.

9. Правен кодекс за приватност на други веб-страни

Оваа Кодекс за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.kelepur.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку овој веб-сајт имаат сопствени начини и политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб-сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб-страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

10. Други прашања во врска со заштитата на приватноста

На малолетници на возраст под 18 години не им е дозволено да го користат веб-сајтот. Ние без знаење може да собираме лични информации од секој на возраст под 18 години, но ниеден дел од веб-страница не е дизајниран за да привлече некој на возраст под 18 години. Kelepur.mk не продава производи за купување од страна на деца. Во одредени случаи, ние може да продаваме детски производи за купување од страна на возрасни.

 

Ние може да понудиме области на нашата веб-страница, каде што јавно може да објавите информации за Вас, може да комуницирате со други, како дискусија или блогови, или да разгледате производи, ресторани, и да поднесете медиумски содржини. Оваа информација може да биде достапна на други корисници и компании и може да се појавува на други интернет страници или веб пребарувања и затоа оваа информација може да се чита, собира и користи од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан, може да добиете несакани пораки. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со информациите со што ви сте доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични информации. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име, заедно со нивната критика.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци преку е-пошта на: privacy@kelepur.com